Видеото што стана вирално на Инстаграм и им се допадна на 367.000 корисници е она на кое се прикажани две малечки дечиња и нивната неизмерна љубов што ги поврзува.
Момчето е на возраст од околу 4-5 години, додека девојчето има само неколку месеци. Двете дечиња носат жолти пижами, бебето е будно, додека братчето сè уште цврсто спие.
Бебето спокојно со рачињата го допира братчето по грбот, тоа се буди, истиот момент се врти кон сестричката и ја прегрнува. Девојчето е сосема смирено во прегратката на постарото братче.
– Добро утро брат, може ли да те гушнам – пишува во описот на видеото.






