Нов в.д. директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ е Ќамил Ковачи, откако Саит Саит денеска беше разрешен од челната позиција.
Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај.
-Град Скопје продолжува да работи во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно, велат од општината преку соопштение.
Претходниот директор Саит беше поставен од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска во септември минатата година како вршител на должност во претстојните шест месеци.
Пред два месеци Арсовска го смени и директорот на ЈСП, со што постави трет човек на чело на јавното претпријатие откако е градоначалничка.







