Неофицијално на граница синоќа е приведен Владимир Тодоровиќ, сопственик на ланецот маркети „Тинекс“ и поранешен градоначалник на Општина Центар. Во полициска акција, приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев – пишува Слободен печат.
Според извори на Слободен шечат, на граница биле приведени уште десет лица, за набавка на опрема на мостот Око. Проект од „Скопје 2014“.
Сè уште нема потврда од Министерството за внатрешни работи, дополнителни информации ќе бидат соопштени во текот на денот.






