Изгубената подморница, која вчера се покажа дека експлодирала во Атлантскиот Океан, е главна тема на интернет последните неколку дена и инспирација за брутални шеги за загинатите членови на екипажот.
Филмот Титаник особено ја поттикна фантазијата на шегобијците кои сакаат црн хумор, а до израз дојде и 26 години старата песна – „My Heart Will Go On“, насловната тема на филмот „Титаник“, испеана од Селин Дион во 1997 година.
Видео:
На интернет се појави информација дека поради масовното слушање, песната повторно стигнала на врвот на Спотифај и Билборд листата на најслушаните, но оваа информација не е точна. Сепак, илјадници луѓе дефинитивно повторно ја слушаат.

„Луѓе, сите ќе одиме во пеколот“
„Титаник по 25 години одзеде уште пет животи“, „Повторно ја слушам оваа песна поради трагедијата во подморницата“, „Луѓе, сите ќе одиме по ѓаволите“, пишува во коментарите под песната, која има собрано околу 40 милиони прегледи на Јутјуб.






