Застражувачко видео кружи на социјалните мрежи на кои се гледа како една жена чисти прозорци на 11-ти кат на зграда од луксузниот комплекс станови „Белград на вода“ во главниот град на Србија.
Жената со едната рака се држи за рамката од гломазните прозорци што не се отвораат, додека однадвор ги чисти стаклата на станот каде што најверојатно работи како хигиеничарка, се гледа на видеото објавено на Твитер
„Зарем нема некои професионални чистачи на стакло за овие зградишта во ‘Белград на вода’? Аман! Па жената се држи за вратата на некој 10-ти, 11-ти кат“ – стои во описот на видеото што вирално се прошири на Твитер.
Најголем дел од твитерџиите се сложни дека за ниту едни пари на светот не би го работеле ова.






