Голем дел од ова место е целосно под вода, а од силината на поројот што владее со ова подрачје дури и се превртеа земјоделски машини.
Поплавениот, пуст двор на жолта селска куќа во Аранѓеловац, во кој водата навлегува како молња, е доволно тажна глетка по ужасните врнежи од дожд кои го зафатија ова место.
Меѓутоа, во еден момент од водата ѕиркаат пар уши и муцка. Прасето, изгубено во оваа временска непогода, набрзина преплива низ поплавениот двор борејќи се за живот.
Тажната снимка на која преплашеното животно се обидува да најде засолниште од насилниот порој што тече низ дворот на домаќинството каде дотогаш требаше да престојува, е доказ за обемот на ужасот што го погоди Аранѓеловац.
Голем дел од ова место е целосно под вода, а од силината на поројот што владее со ова подрачје дури и се превртеа земјоделски машини.
ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ТУКА
(Telegraf.rs)






