Во група на Вибер, во која членуваат 7.000 матуранти, се разменуваат одговори и заеднички се решаваат матурските тестови по англиски јазик, објави „Прес24“.
Денеска се полага вториот експтерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.

За Математика се пријавени 1397, Француски јазик – 29, Германски јазик – 122, Руски јазик – 17, Естетика – 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.
За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.







