Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

На денешен ден е формирана Матицата на иселеници од Македонија, чиј број до 1964 година бил 580.000 Македонци

by bulevar_com_mk_4dm1n
2023-06-06
in Uncategorized
На денешен ден е формирана Матицата на иселеници од Македонија, чиј број до 1964 година бил 580.000 Македонци

На 6 јуни 1951 година на иницијатива на Македонци повратници од странство, личности од културниот и општествениот живот, во и надвор од Република Македонија, како здружение на граѓани ја регистрираа Матицата на иселениците од Македонија.

Македонската матица е формирана на Основачкото собрание одржано во Скопје за да развива блиски врски со македонските иселеници во странство, да ги запознава со животот во татковината, да ја запознава домашната јавност со работата и животот на македонското иселеништво.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Органи на Матицата на иселениците на Македонија се Собрание, Извршен одбор и претседател. Матицата го издава и своето гласило – месечно списание „Македонија“, со статии на македонски и на англиски јазик.

Матицата на иселениците е формирана со цел да биде мост меѓу татковината и иселеништвото, односно меѓу Република Македонија и македонската дијаспора.

Македонската дијаспора ја сочинуваат Македонците кои живеат надвор од границите на Република Македонија.

Првите иселувања на Македонците почнале кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, поради политички и економски причини. По неуспешните востанија за ослободување на татковината во почетокот на 20-тиот век, многу Македонци почнале да се иселуваат од родните огништа поради разни притисоци. Најчесто иселувањето било во прекуоеканските земји.

Значително иселување на Македонците имаше и по Грчката граѓанска војна, по која од Егејска Македонија беа протерани голем број Македонци (се претпоставува околу 100.000), кои заминаа во источните европски држави.

Вториот бран на иселување на Македонците се случил во 1980-те и 1990-тите години поради економски причини.

Извештајот од 1964 година наведува број од 580.000 македонски иселеници. Главен застапник на македонската дијаспора ширум светот е меѓународната организација Обединета македонска дијаспора со седиште во Вашингтон во САД.

(Д.Г.) Денешен мк

Previous Post

СЕКОЕ УТРО ИМАМ ЕДНА ЗАДАЧА: Ова е вистината за сопругите на БОГАТИТЕ ШЕИЦИ! Приказната за ДОМАЌИНКА ОД ДУБАИ (Фото)

Next Post

Во морето фотошопирани модели – НИКОГАШ ПОЖЕШКА ФОТОГРАФИЈА од МЕГАН ФОКС

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Фото: Меган Фокс во проѕирно боди

Во морето фотошопирани модели - НИКОГАШ ПОЖЕШКА ФОТОГРАФИЈА од МЕГАН ФОКС

Recommended

Полицијата на нозе: 12-годишно девојче од Куманово пријавено за исчезнато

Разбојништво во аптека во Скопје – 21-годишник под закана одзел пари од вработена!

5 months ago
Киев тврди: Русија изгубила речиси еден милион војници од почетокот на инвазијата

Киев тврди: Русија изгубила речиси еден милион војници од почетокот на инвазијата

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.