Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ неодамна имаше спонтан абортус во петтиот месец од бременоста, а тажната вест ја соопшти нејзиниот партнер, фудбалерот Немања Гудељ.
Иако двојката тагува за прерано загубената ќерка, животот мора да продолжи понатаму. Синоќа Гудељ играше во финалето на УЕФА Лига Европа, а неговиот клуб Севиља го победи клубот Рома и ја освои седмата титула во ова фудбалско натпреварување.

Ражнатовиќ го бодреше својот сакан од трибините, а со неа беше и возачот на Гудељ – Рашид. По крајот на натпреварот, возачот објави снимка на Инстаграм, на која може да се види како тие двајца расплакани ја прославуваат победата на ФК Севиља.
„По сè што се случи годинава, ова треба да биде вака. Господе, ти благодарам“, напиша возачот на Инстаграм.
Кратко потоа, Гудељ објави кратко видео од себе на Инстаграм, на кое напиша „За неа. За нив. За вас“.








