Многу луѓе би биле среќни да добијат понуда од милион долари за куќа, но семејството Замит од Австралија не е едно од нив.
Семејството ја одбило понудата на градежна компанија вредна 50 милиони австралиски долари, или 30 милиони евра, да се иселат од својот дом во стил на замок.
Имено, поради реновирањето на населбата од градежни фирми, нивниот имот се издвојувал во однос на сите нови градби што го опкружуваат, но сопствениците сепак одбиваат да попуштат пред нивните барања.
Импресивниот имот се наоѓа во предградието Quakers Hill на само 40 минути од центарот на Сиднеј и има пространа патека со воодушевувачки поглед на Сините Планини.
Нивната одлука да се спротивстават на искушението била поддржана од соседите и локалниот агент за недвижности Тејлор Бредин, кој го пофали семејството за 7News.
„Факт е дека повеќето луѓе ја продадоа својата земја пред многу години, но овие луѓе издржаа. Секоја чест за нив“, рече тој. Потоа објасни дека на нивното земјиште може да се изградат околу 50 нови куќи, па јасно е зошто семејството е затрупано со понуди.
Иако семејството е среќно што сè уште има свој дом, таа објасни дека предградието е непрепознатливо во споредба со состојбата што ги дочекала кога го купиле имотот пред десет и пол години.
“Порано беше обработливо земјиште со мали куќи и куќички. Секој дом беше уникатен и имаше толку многу простор, но веќе не е така. Едноставно не е исто”, открила Дајан Замит во едно интервју.





