Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2020 година
четврток, 22 октомври 2020
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, изнесува 109.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.4 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (16.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (13.2 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (18.4 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (9.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.7 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2020 година, изнесува 27 535 денари.







