Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави воведување полицискиот час од 00:30 до 05:00 часот наутро во регионите најсилно погодени од новиот коронавирус како и носење маски на отворено.
Во телевизиско обраќање Мицотакис нагласи дека ќе се воведе ноќен полициски час во областите што припаѓаат на нивоата три и четири со ризик како што се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта.
Новите мерки стапуваат на сила в сабота во 06:00 часот.
Грчките здравствени власти вчера регистрираа 882 нови случаи на заразени со Ковид-19 како и 15 нови смртни случаи.
Кај нас бројката не е повеќе од 700 заболени но се поставува прашање дали ако бројката надмине над 800 дека ќе има нов полициски час? Ние ги следиме примерите на другите земји на поример Словенија од 600 заболени дојде до 1200 дневно што мора да се воведе полициски час кога се волку високи бројки.На неколку наврати Филипче кажа дека ако продолжи вака состојбата дека ќе има полициски час.






![[ВИДЕО] Обид за киднапирање во Париз среде бел ден](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/kidnapiranje-pariz.jpg)