На местото на масакрот што го изврши Урош Б.(21) кај Младеновац има потресни сцени, на улица има крв од мртви и ранети, а на ова место владее тага и тишина.
Тој е осомничен за масакрот кај Младеновац кога ноќеска околу полноќ уби 8 лица, а рани 13. Тој е уапсен по 8 часа активна потера.
Тој избегал, утрово околу 8 часот бил уапсен во домот на роднините каде се криел.
Инаку, откако убил осум лица и повредил 14 лица, киднапирал таксист од Мали Пожаревац.
Во тој момент во автомобилот била една жена.
Беше вооружен до заби.
Најмладата жртва има само 15 години.
Со автоматска пушка отворил оган кон луѓето. Во крвава гозба во селото Дубиона убил полицаец кој бил на должност и неговата сестра.
Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25). На другата територија на Смедерево, М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).
Има досие, но не е осудуван.
Фотогалерија:






