Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со болеста. Во моментот како активно заразени се водат 6.069 лица на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје.
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци.
И инфектолозите се загрижени за овој тренд кој го имаме досега и апелираат оние кои имаат полесни симптоми да седат дома за да имаат место за тешките случаи. Инфективните одделенија во штипската, прилепската и струмичката болница се преполни и состојбата според лекарите е алармантна.
-Секако од информациите кои се објавуваат за големиот број заразени и хоспитализирани ќе се создаде паика кај населението. Но оние кои имаат лесни симптоми да седат дома и да ги слушаат советите на матичните лекари. Секако дека ние не враќаме никој, но во ово ј момент мора да ги згртижиме потешките случаи, вели др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.
На Инфективна има 99 пациенти на болнички третман од кои дури 67 се на кислородна поддршка. Директорката на Инфективна побара од граѓаните да ги почитуваат основните мерки за заштита за да не колабира здравствениот систем во кој медицинскиот персонал овие 7 месеци е преморен.






