Откако во јавноста се рашири веста дека наводно починал популарниот музичар Ферус Мустафов, се огласи неговото семјество.
Внукот на Мустафов, Ферчо Мустафов, демантира дека познатиот музичар починал, но потврди дека неговиот дедо е во болница и се бори за живот.
„Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат, но вистина е дека е во болница и се бори за својот живот. Да се помолиме за негово здравје“, напиша внукот.







