Приведено е лицето кое во живо на Тик Ток покажуваше пациентки по сали, јавува ТВ21.
Камерата на ТВ21 сними како тој излегува од полициското возило и се упатува кон полициската станица за да даде изјава.
Видео:
https://fb.watch/jWaGqv2CZt/?mibextid=yeseh4
По објавувањето на ТВ21 за веста со скандалот во тетовската болница каде вработен анестезиолог на Гинеколошкиот оддел во Тетово во живо на Тик Ток снимаше пациентки по сали, се огласи и директорот Пелумб Вела, кој го пријави овој случај во полиција.
Тој од пред СВР Тетово за ТВ21 нистакна дека го осудува овој случај и дека очекува органите на прогонот што побрзо да го решат овој случај.
„Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите“, рече Вела.







