Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Денеска се празнува Велик Понеделник – ова мора да го знаете за блажениот Јосиф

by bulevar_com_mk_4dm1n
2023-04-10
in Uncategorized
Денеска се празнува Велик Понеделник – ова мора да го знаете за блажениот Јосиф

На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф.

Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на Исмаилќаните, коишто повторно го препродаваат на Петефриј, управникот на евнусите кај египетскиот цар – фараонот. Кога фараоновата госпоѓа безумно се нафрлила на целомудрениот младич Јосиф, тој, несакајќи да направи безаконие, побегнал, оставајќи ја својата наметка. Таа го наклеветила пред господарот, и Јосиф бива фрлен во окови и мрачен затвор.

Потоа, поради толкувањето на соништата го изведуваат од затворот, го претставуваат пред царот, и Јосиф постанува господар на сета египетска земја. На крајот, при продавањето на пченицата, им се открива на своите браќа и благочестиво проживувајќи го целиот живот, умира во Египет, бивајќи сметан, покрај другите доблести, и за голем во целомудреноста.

Тој е праобраз на Христа, бидејќи и Христос страда од Неговите соплеменици, ученикот го продава за триесет сребреници, го фрлаат во темна, мрачна јама – во гроб, од кадешто самовласно станувајќи, се зацари над Египет, т.е. над секој грев, и целосно победувајќи го, владее над целиот свет и според човекољубието нè искупува со таинственото давање пченица (леб), предавајќи се Самиот Себеси за нас и хранејќи нè со лебот небесен – Своето животоносно Тело. Од тие причини, сега се спомнува прекрасниот Јосиф. Заедно со тоа се сеќаваме и на исушената смоква од светото Евангелие, бидејќи божествените Евангелисти, токму Матеј и Марко, говорат за тоа веднаш после спомнувањето на гранчињата. Таинственото толкување на Исидор Пелусиот е дека смоквата е дрвото на непослушанието, чиишто листови престапниците ги употребиле за покривање.

Причината за споредбата на гревот со смоквата е очигледен, бидејќи и гревот дава пријатно задоволство – гревовна наслада, но потоа доаѓа – горчината на совеста. Всушност, отците тука го ставаат расказот за смоквата заради умиление, како и расказот за Јосиф – бидејќи е праобраз на Христа. (Неплодна) смоква е секоја душа на којашто ѝ е туѓ секој духовен плод, којашто Господ наутро, т.е. после овој живот, не наоѓајќи се Себе во неа, ја исушува со клетва и ја фрла во оган вечен – и таа постанува како некаков исушен столб, којшто ги застрашува оние, коишто не донесуваат плодови достојни на доблести.

Previous Post

Девер ја застрела снаата додека двегодишното дете спиело до неа, семејството во шок

Next Post

Лазарките од струшко Луково (ВИДЕО)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Лазарките од струшко Луково (ВИДЕО)

Лазарките од струшко Луково (ВИДЕО)

Recommended

Филипчe и Заeв сончевото време го искористија лабаво да cи возат мотори низ Cкопјe (Фото)

Филипчe и Заeв сончевото време го искористија лабаво да cи возат мотори низ Cкопјe (Фото)

5 years ago

Коњановски: Инвестиции во енергетска ефикасност и здрава животна средина за модерна Битола (ВИДЕО)

2 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.