Медиумите јавија дека поранешниот претседател Доналд Трамп е уапсен откако пристигнал во канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен во долниот дел на Менхетен.

Според СиЕнЕн тој е во полициски притвор и чека да биде изведен пред судија
Се очекува на Трамп да му бидат земени отпечатоци од прсти како дел од апсењето.
Тој потоа ќе биде изведен во судница, што се очекува да помине брзо и рутински, но претставува надреален и историски момент во историјата на САД
Моменти пред влезе Трамп се огласи на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Изгледа толку надреално, ќе ме уапсат. Не можам да поверувам дека ова се случува во Америка. МАГА!“







