Претседателот на Русија ќе биде уапсен доколку ја посети Германија, изјави германскиот министер за правда Марк Бушман, пренесува „Ди Цајт“.
„Очекувам МКС брзо да стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-учеснички и да побара од нив да го исполнат барањето. Тогаш Германија ќе биде обврзана да го уапси претседателот Путин кога ќе влезе на германска територија и да го предаде на МКС – изјави министерот за правда.
Тој додаде дека ќе го исполни барањето на МКС ако „стапалата на Путин стапне на германска територија“, бидејќи земјата е под јурисдикција на судот.
Пред два дена, предистражниот совет на Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин и омбудсманката за правата на децата Марија Лвов-Белова. Тие се осомничени за вмешаност во „незаконски извоз на деца од Украина“.
Во меѓувреме Владимир Путин по посетата на Крим го посети и Мариупол. Возејќи го својот автомобил, претседателот на Русија посети неколку нови станбени квартови, разговараше со граѓаните, ги посети реновираната зграда на Филхармонијата, аеродромот и морскиот брег во Мариупол.







