„Убиениот вечерва во Скопје Јетон Кривањева беше мафијаш, но и хуманист.“ – напиша информативниот портал на албански јазик „Шќипмедиа“.
Во својата вест овој медиум дополнува: „Јетон Кривањева пред извесно време им подари 4 станови на сиромашни луѓе, кои се во неволја.“ Оваа вест медиумот ја придружува и со видео-снимка со изјава на семејство, кое „добило еден од тие станови“.
Информативниот портал на албански јазик „Без цензура“ објави дека, наводно, „пет лица облечени во полициски униформи и со маски на главите“ ги убиле двете жртви во оружениот инцидент.






