Хрватската старлета, водителка, писателка и пејачка, атрактивната Нивес Целзиус повторно јавно проговори за својот љубовен живот и за недостатокот на маж кој би ја инспирирал.
Нивес секогаш искрено зборува за својот љубовен живот, како и за поранешниот брак со екс фудбалерот Дино Дрпиќ, со кој остана во пријателски односи и по разводот.

Бујната Нивес раскажала и како не била во врска две години, а открила и како се уште не се заљубила.
“Помина долго време откако запознав човек кој инспирира, мотивира и го вади најдоброто од мене, а не ми треба ништо помалку од тоа. Не сум од оние жени кои не можат да бидат сами. Функционирам совршено кога сум сама. Помина речиси две година од мојата последна врска. Сите, секако, мислат дека сум разочарана од машкиот пол. Не сум“, вели Ниевес, пренесува „Вечерњи лист“.


Провокативната старлета воедно истакнала и дека екс сопругот Дини се уште е најзначајната машка фигура во нејзиниот живот.






