Во железничка несреќа доцна синоќа во Грција, загинаа 38 лица, а се стравува дека бројката ќе биде поголема, затоа што 50-тина лица се водат како исчезнати.
Голем дел од настраданите се млади кои после тридневен одмор се враќале на студии во Солун. Уапсен е шефот на железничката станица во Лариса, а грчкиот министер за транспорт поднесе оставка.
Во најсмртоностната железничка несреќа во историјата на Грција, двата воза се нашле на иста пруга во близина на Лариса. Патничкиот воз се движел од Атина кон Солун, кога директно се судрил со товарен воз.
Се појави и снимка од моментот на несреќата каде што се гледа дека избива голем пожар веднаш по сударот на возовите.






