“Што се однесува до македонскиот јазик и идентитет сметаме дека воопшто не треба да се преговара. Ние сме Македонци кои го зборуваат македонскиот јазик”, рече тој.
„Гоце Делчев е Македонец. Тој е Бугарин онолку колку што Македонците со бугарски пасоши се Бугари“, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов
„Таквите Македонци ги земаат тие пасошу само за да отидат низ Европа. Да не заборавиме дека Делчев е икона на Македонската историја, човек кој што се борел за независна македонска држава. Бугарите го доживуваат како нивен херој затоа што и во Бугарија имаме град со неговото име, после тоа институции, споменици итн. Затоа онаа насока за чествување е таква да ние не можеме да им забраниме да го слават неговото име. Проблемот овде е многу подлабок“, смета Ангелов.





