Основниот суд во Приштина ги осуди четворицата обвинети, од кои тројца малолетни, на вкупно 41 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година.
Полнолетниот обвинет е осуден на 15 години затвор, двајца малолетници на по 9, а еден на осум години малолетнички затвор.
Малолетниците, освен за силување се осудени и за злоупотреба на деца во порнографија.
Единаесетгодишно девојче било во парк во Приштина кога и пришол Е.Р. (26) и и рекол „Душо, ми се допаѓаш“, набргу потоа ја допрел по стомакот и грбот. Ја ставил во непријатна ситуација, но таа не можела да реагира бидејќи насилникот и ја ставил раката преку уста за да молчи.
Таму бил и неговиот помал брат. Го соблекле девојчето, а Е.Р. бил првиот што силувал. Бруталното искуство го продолжил неговиот помлад брат Г.Р. Но, и тоа не им било доволно, па набрзо им се придружиле и тројца пријатели кои еден по еден ја силувале – наведуваат на споменатата страница на Инстаграм и додаваат дека бруталното искуство траело седум часа.
Претходно, косовските медиуми објавија друга верзија за случајот, повикувајќи се на неофицијални информации од полициски извори.
Тројца малолетници почнале да ја силуваат девојката во парк во населба во Приштина, а потоа еден од нив го повикал својот брат Екрем Р. (26). Тој е осомничен дека таму отишол со својот пикап. Од тоа место отишле на друга локација каде по кратко време Екрем Р., наводно, го запрел автомобилот и го силувал малолетно девојче. Потоа, тој го повикал и петтоосомничениот да им се придружи во злоставувањето – објавија локалните медиуми.
Случајот во полиција го пријавила мајката на несреќното девојче.
Мајката изјавила дека девојчето излегло од куќата во саботата попладне и дека ја нашле дури по полноќ во катастрофална емотивна состојба, по што детето и признало што и се случило – објавија медиумите.






