Агенцијата најавува детали за скандалот во кој лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари купил куќа по неверојатно ниска цена во елитна скопска населба.
Истражувањето на „Макфакс“ ги дава одговорите на најпоставуваните прашања поврзани со куќата во Тафталиџе на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Од кого ја купил куќата на попуст и по која цена, но и кој сѐ бизнисмени и политичари живеат во неговото соседство.
Новинари на „Макфакс“ ја посетиле и куќата во скопско Тафталиџе, каде бараките стануваат четирикатници. Побарале одговор како Таравари ја купил куќата по далеку пониска цена од пазарната.
Сторијата ќе биде објавена денеска, во 12 часот на „Макфакс“.
Фото: Макфакс






