Ѕвезда од реално шоу била приведена на аеродромот во Абу Даби додека се префрлала на лет за Тајланд каде, како што тврди, одела да работи волонтерски.
Во 2020 година, таа била снимена како консумира „линии“ од сомнителен бел прав во Дубаи. Имено, тогаш „орди“ влијателни лица побрзаа во Дубаи за да избегаат од ограничувањата предизвикани од Ковид-19 во Обединетото Кралство, тврдејќи дека се таму поради работа.
Каз била уапсена во понеделникот во Абу Даби, а набрзо е префрлена во затворот во Дубаи, каде наводно ѝ бил одбиен телефонскиот повик до семејството, но ѝ било дозволено да испрати еден меил. Портпаролот на Форин Офисот изјавил дека биле во контакт со локалните власти по апсењето на британска државјанка во Обединетите Арапски Емирати.
Имено, Дубаи неодамна ги либерализираше своите закони за дроги со тоа што за првпат прекршителите се соочуваат со најмалку три месеци затвор и парична казна од 4,5 до 22,7 илјади фунти. Претходно, тоа би било минимум четири години затвор за каква било употреба на дрога.
Осомничените потоа се депортирани во нивната матична земја и им е забрането да се вратат во ОАЕ. Казните за трговија со дрога може да вклучуваат и смртна казна.
Нејзиниот случај е предупредување за сите странци во Дубаи. Минатиот месец експерти за MailOnline изјавиле дека рекорден број Британци наскоро би можеле да бидат затворени низ Обединетите Емирати како резултат на одлуката да се намалат цените на пијалоците за да се привлечат повеќе туристи.








