Kако монах не го послуша игуменот и се оддалечи од манастирот и се затвори во една келија. Заради непослушноста, Бог допушти врз него едно големо искушение. Еднаш кога беше на молитва му се јави ѓаволот во вид на светол ангел и му рече: „Немој веќе да се молиш, туку читај книги, а јас ќе се молам за тебе!“
Никита послуша, престана да се моли и почна да чита книги. Го читаше само Стариот Завет, а Новиот никако не можеше ни да го отвори, зашто не му даваше силата ѓаволска. Со помош на ѓаволот и пророкуваше, и тоа само злосторства, грабежи, пожари и други зли дела, кои на ѓаволот му се познати затоа што во нив самиот учествува.
Најпосле светите отци печерски увидоа дека Никита паднал во ѓаволска прелест и почнаа да Го молат Бога за него. Се поврати, ја увиде пропаста во која западнал, горко се покаја за гордоста и непослушноста и се исправи на својот пат. После долго каење и многу солзи Бог му прости и го дарува со дар на чудотворство. Се упокои во 1108 година.






