Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни да ги претставуваат, а Словенија и Кипар го имаат само името на уметникот, пренесува Индекс.
На четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени, а убедливо води Украина. Букмејкерите и даваат на украинската група ТВОРЧИ и песната Heart of Steel дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните се уште не се познати.
Шведска, која исто така не избра песна, има импресивни 10% шанси за победа.
Украина избра претставник за Песна на Евровизија во декември во подземната станица во Киев претворена во воено засолниште.
ТВОРЧИ е електро поп дуо, основано во 2018 година во Тернопил. Музичарите се запознале додека студирале фармација во западна Украина. Тие беа избрани да ја претставуваат Украина на Евровизија и ова е нивниот најголем успех досега.
Победник на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија беше оркестарот Калуш од Украина. Киев го доби правото да го емитува Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, но поради безбедносни грижи предизвикани од руската војна, Британија ќе биде домаќин на настанот.







