Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија, по судската одлука да му се укине визата – ова беше наслов на сите светски медиуми лани по одлуката за депортација на Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер беш виден како се влегува во авион на компанијата „ Emirates“ на аеродромот во Мелбурн кој лета за Дубаи, само неколку часа по судиската одлука.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ се обрати откако австралискиот суд пресуди во полза на тамошните власти и одлучи да ја поддржи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ.
Рекетот број еден ја загуби битката пред австралискиот суд и ќе мора да се врати дома. Брзо по донесената одлука со изјава се јави српскиот претседател Александар Вучиќ.-Тие мислат дека со таа одлука го понижија Новак Ѓоковиќ. Тие се понижија себе, а Ѓоковиќ може да крене глава и да се врати во својата земја и секој да го погледне во очи. Вие 10-11 денови го малтретирате за да му ја дадете одлуката која сте знаеле дека ќе му ја дадете од првиот ден. Да сте рекле дека ако не е вакциниран нема да влезе во земјата, тој воопшто не би доаѓал или би се вакцинирал. Вака сте оставиле можност за медицинско изземање. Врз основа на тоа тој дојде кај вас и направи сè што требаше да се направи, а потоа следуваше шиканирање и малтретирање од невидени размери, медиумски линч и лов на вештерки бидејќи веројатно на Новак Ѓоковиќ сакаа да покажат како функционира светскиот поредок за лов на вештерки и како можат тоа да му го направат на секој, изјави тогаш Вучиќ.






