Направивме километри и километри патишта, ќе правиме нови… Тоа се зборовите кои последниве месеци и недели многу често се слушаат од претставниците на власта кога е во прашање градењето во Македонија. Министрите сосе премиерот спомeнуваат стотици и стотици новонаправени килиометри. Така беше и вчера кога премиерот Ковачевски преку Фејсбук соопшти:
-Изградивме 1300км нови патишта во последните 5 години. Градиме квалитетна инфраструктура која на долг рок ќе придонесе кон нашиот економски развој, се пофали Ковачевски.
Ама граѓаните се прашуваат – каде се тие патишта, сакаме да се повозиме по нив?

-А се знае во која држава граделе патишта ? – пишува граѓанин.

Димса Арсовски, потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ќе напише:








