21-годишна жена е уапсена во Србија поради сомнение дека ја оставила својата едногодишна ќерка во количка пред зграда во Крагуевац и побегнала.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Крагуевац ја уапсија Г. П. (2001) од Крагуевац, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело повреда на семејни обврски.
Според полицијатаа жената синоќа пред зграда во Крагуевац ја оставила својата едногодишна ќерка во количка и си заминала.
Осомничената со кривична пријава ќе биде изведена во Основното јавно обвинителство Крагуевац, соопшти полицијата.
На улицата Змај Јовина во Крагуевац синоќа околу 2 часот и 45 минути случаен минувач наишол на количка со едногодишно женско бебе на тротоарот.
Тој повикал полиција, а на местото на настанот излегла екипа на Итна помош, која го згрижила девојчето и ја пренела во Одделот за педијатрија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац.
Од Центарот „Солидарност“ за РТС велат дека детето е сместено во итно згрижувачко семејство и дека е во добра здравствена состојба.
Како што неофицијално дознава РТС, мајката наводно го оставила малото девојче со таткото пред зградата во која живее.






