Пред неколку дена во Битола починала Тулај Нурединова Мустафа, жената која за долг од 300 илјади денари го загубила домот кој и бил одземен од извршители.
Веста за смртта на битолчанката која не можеше да се избори со системот во кој извршителите се посилни од уставното право за социјална еднаквост ја објави борецот за социјални права Ана Глигорова.
Таа открива дека жртвата на извршителите и покрај тешката ситуација решила по смртта да ги донира своите органи.
,,Tulaj Nuredinova Mustafa прекрасната граѓанка од Битола, на која за долг од 5000 евра и беше земена куќата денеска не напушти прерано, замина во вечноста.
Ми зборуваше дека извршителот дури и алиштата и ги земал, не спиеше со години со голем терет во душата. Пријавуваше кај Народниот Правобранител, во ОЈО, беше константно присутна на сите наши протести, беше и на разговор во министерството со надлежните. Бараше правда, беше борец, невидено храбра, стана бездомник, но остана со достоинството како сјајна ѕвезда. Светол да ти е патот Тулај.
Ние ќе продолжиме да се бориме без здив, за правда. Најважно од се, Тулај е донор на своите органи, после физичката смрт, ја покажува својата чиста душа која е вечна”, пишува Глигорова.






