Убаво, празнично е пред Божик во Крушево.
Така е веќе секој петти јануари во вечерните часови во центарот на Крушево. Веселата атмосфера и покрај студеното време, посната трпеза, топлите напитоци и исчекувањето ја красат атмосферата пред Божиќ во историско Крушево. Историско е и во своите традиции. Со гордост, малку срамежливо, крушевчани упатуваат на уникатната традиција. Го навестуваат големиот христијански празник- Христовото раѓање – Божик. Со вековната традиција „Дева – во чест на новото раѓање“.
Манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“ е вековна традиција која се одржува во Крушево. „Дева“ е обичај, стар стотици години. Се вели дека крушевските печалбари го пренесле од Русија и, колку што имаме сознанија, се празнува само во Крушево и во Витлеем. Она што е интересно е дека млади момчиња носат шестокрака ѕвезда, ја пеат песната „Дева, Деване..“ и со тоа ја најавуваат прекрасната вест за раѓањето на Исус Христос. Празникот како долга традиција е многу битен за крушевчани







