Фејсбук статус на Нико Беќаровски:
СКОПЈАНКА да бидам
Во Скопје стана сиво се што беше бело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.
Во Скопје квадратен метар е богатство цело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.
Во Скопје ја гледаат како младо неискусно тело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.
Во Скопје работи цел живот со договор на дело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.
Во Скопје се вози многу бесно и лудо смело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.
Во Скопје има магла цела зима и изгор лето врело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.
Во Скопје од смог ѝ се корне ждрело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.
Во Скопје од “junk food” и вито тело стана дебело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село….
P.S.
Меѓу двата пописи во Македонија 410 села останаа без жители. Следни се малите гратчиња.
P.P.S.
- Во куќниот ред во зградите Ви пишува дека треба да владее тишина меѓу 14-17 часот и по 22часот !!!!!
- Ѓубрето се носи до контејнер, не се фрла од прозор !!!!!
- На кокошките и петлите им е место во селскиот двор, а не на балкон.
2 и 3 не ги пишува ама се подразбираат.






