Фатмир Лимани, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сега дел од Движењето Беса, прашува зошто по 20 години во политика Ахмети влегува во бизнис со казина.
Од каде на лажниот патриот Ахмети сега му текна да се занимава со лотарија, со коцка, со казина?, вели Лимани за МКД.мк.
Тој во објава на Фејсбук „Казината и молзењето на луѓето”, за Ахмети преку неговиот прекар Абаз Џука, па вели:
- Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на Македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!
- Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?
- Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?
- Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!
*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии….
Лимани вели дека по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби. Бајрами беше вработен во парламентот како политички светник кај тогаш пратеникот Артан Груби, а имаше само 24 години. Потоа „скалилото“ беше да се влезе во Лотарија, а подоцна и на челна позиција.
Целта на Ахмети е ДУИ да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел”, вели Лимани.







