Се проценува дека досега загинале најмалку 12 лица. Повеќе од 1,5 милиони жители останале без струја, а илјадници летови вчера се откажани.
Огромното невреме се протега на повеќе од 3.200 километри, од Тексас до Квебек. Циклонска бомба, односно нагло опаѓање на атмосферскиот притисок предизвика виулици на Големите езера, лоцирани на границата на САД и Канада.
Што се однесува до САД, температурите во Елк Парк, Монтана, паднаа на -45 степени Целзиусови, додека градот Пекол, Мичиген, „замрзна“.
Во Монтана е снимен интересен феномен кој добро покажува за каков студ станува збор – врела вода што веднаш се претвора во снег. На видеото се гледа како човек држи зовриена вода во сад и ја фрла во воздух, по што таа се претвора во магливи снегулки.






