Трудот се исплати, а тоа најдобро го знае Бојана Скендеровски – која годинава не беше вредна, туку највредна. А кога се работи, тогаш не може да нема успех за што доволно зборуваат прегледите под нејзината нова песна со наслов „Ми треба“.
Имено, по само неколку ден од официјалното претставување на песната и спотот (македонската верзија) таа може да се пофали со повеќе од 55 000 прегледи, додека за српската верзија насловена „Докажи“ бројката на прегледи е речиси двојно поголема. Комплетен автор на песната е Саша Милошевиќ – Маре, а видеото е со потписот на Александар Ристовски – Принц. Интересно е дека во кадрите освен Бојана има и многу нејзини колеги, пријатели,… актерот Зоран Љутков… Маријана и Ведрана (кои ги имаат главните улоги заедно со Бојана), Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски…
Слушнете ја песната, ако се уште не сте го направиле тоа, и проценете дали Бојана е во право кога вели оти мисли дека намирисала хит.







