Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Преподобен Патапиј кој рано ја увиде и презре суетата на овој свет

by bulevar_com_mk_4dm1n
2022-12-21
in Uncategorized
Преподобен Патапиј кој рано ја увиде и презре суетата на овој свет

Роден е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Египетска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Египетската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја.

Но, кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкиот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот испоснички подвиг. Но, таа светлина не може да се скрие. Едно момче, слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Патапиј и го замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ова чудо го откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот.

Демонот излезе од човекот како чад, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу други чуда пројави свети Патапиј со молитва, со името Христово и со знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното Царство, во 7 век

Previous Post

Остана без татко на 10 години, ги загуби двајцата браќа, мајка му е болна од рак… а тој стана светски првак!

Next Post

Животот го загуби членот на Комити, Дарко Смоковски – Смок

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Животот го загуби членот на Комити, Дарко Смоковски – Смок

Животот го загуби членот на Комити, Дарко Смоковски – Смок

Recommended

Димитриеска Кочоска: Индустрискиот раст од 9.4% е силен сигнал за економска стабилизација

5 months ago
Нова трагедија ја потресе Македонија: Загина 45 годишен возач

„Мини морис“ излета од патот кон Попова Шапка – повредени две жени од Тетово

4 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.