Во Словенија од утре ќе се воведе карантин во седум од 12 региони, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, одлучи тамошната Влада. Во седум региони се забранува групирање на повеќе од 10 лица на јавни или приватни места. Забраната за централна Словенија, Горењска, Корошка, Засавје, Посавје, Савинска и југоисточниот дел на Словенија ќе стапи во сила на полноќ. Таквата мерка е воведена во овие региони затоа што во изминатите две недели, просечно 140 жители на 100.000 се заразувале со коронавирусот.
Нов негативен рекорд забележа и Албанија. Од тестраните 971 сомнителен случај вирусot е дијагностициран кај 169 што е за седум случаи повеќе споредено со вчера кога беше забележан највисок број на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.
„Со последно дијагностицираните вкупниот број изнесува 14.899 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 100 лица или 9.215,додека починаа четири лица односно 411 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.273 активни 228 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана“, соопшти Министертвото за здрвство и социјална заштита.







