Дури 99 отсто од припадниците на единицата Кобра, кои го чуваат српскиот претседател Александар Вучиќ побарале да заминат на Косово и Метохија, а тој изјави дека му дошло да се расплаче кога тоа ги видел на состанокот на Советот за безбедност одржан во неделата, пишува српска Нова.
– Што се однесува до седницата на Советот за национална безбедност, морам да кажам дека сум горд на припадниците на нашата армија. Ова е најсериозната ситуација досега. Надополнувањето со храна, муниција, кадри… никогаш не било подобро. Очите ми се насолзија, бев пресреќен кога видов такво единство и желба за извршување на секоја задача што им ја поставува државниот врв, рече Вучиќ.
Тој повтори дека семејството и пријателите се уште не знаат каде е уапсениот поранешен припадник на полицијата Дејан Пантиќ.
– Ден пред апсењето Курти изјави дека барањата за формирање на ЗСО се детски. Бербок, (германската министерка за надворешни работи) рече дека некој ги спуштил тензиите затоа што се одложиле изборите, замислете, какво лицемерие. Таа ноќ упаднавте со специјалци и сакавте да ги заземете општинските изборни комисии… Знаевте дека нема да има избори, но сакавте насилно да ги нападнете Србите… Така ја уништија Република Српска затоа што тоа им одговара, изјави Вучиќ.







