На учениците во основните училишта наместо книги им се делат јаболка.
Иако сме на крајот од првото полугодие, многу ученици во основните и средните училишта во Тетово, но и во другите градови, се уште немаат книги.
Назми Даути, раководител на секторот за општински дејности, вели дека на училиштата во Тетово им недостасуваат околу 46.000 книги.
„Го собравме точниот број книги кои ни се потребни во основните и средните училишта каде вкупно ни се потребни 35 илјади книги во основните училишта и 11 илјади книги во средните училишта“, вели Назми Даути.
Даути вели дека носењето јаболка е одлука на Министерството за земјоделство во согласност со Министерството за образование.
„Не можам да разберам и не можам ништо да кажам, тоа е работа која ја имаат преземено централните власти, поконкретно Министерството за земјоделство. Според информациите кои дојдоа за да оствариме контакт меѓу нив, тоа е некаде околу три килограми по ученик, но посериозно прашање од прашањето за јаболката е прашањето за книгите, на што МОН мора итно да реагира и да обезбеди книги за основните и средните училишта“, додава тој.
Loading…
Министерот за образование Јетон Шаќири денеска беше прашан од новинарите дали чувствува одговорност да поднесе оставка поради недостигот на книги. Тој одговори:
„Да, би се чувствувал одговорен за тоа што го предвидов за следната година во 2023/2024 година кога сите процедури би зависеле од Министерството за образование. Знаете дека јас дојдов како министер во јануари кога беа спроведени некои процедури пред една година, што значи дека беше усвоен и предлог буџетот претходната година“, вели Јетон Шаќири.
Годинава училиштата во Македонија во најголем дел почнаа без книги, иако министерството тогаш делеше скрипти и ветуваше дека до крајот на ноември ќе има набавка на книги, но такво нешто до денес не се случи-пишува тв21.







