– Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои, напишал на 11-октомври по повод Денот на востанието на Македонија, а во контекст на ауктелната борба на лекарите во ковид 19 кризата, младиот пулмолог доктор Трајче Нешковски, кој во средата ненадејно почина.
Во вчерашната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.
Сообраќајната несреќа се случи попладнево на улицата Франклин Рузвелт – се судрија два автомобила, „опел“ со струмичка ознака и „цитроен“ со гостиварска ознака.
Очевидци изјавиле дека до несреќата дошло кога возачот на „цитроенот“ изгубил контрола врз автомобилот по што удрил во „опелот“ па во дрвото.






