Нуркачите набрзо го извлекле телото на девојката, додека трагале по двајцата мажи.
„По повикот од ОКЦ центарот, нашите нуркачи излегоа на местото на настанот во местото Рогами кај Подгорица во потрага по исчезнати лица кои паднаа во реката по сообраќајна несреќа. По кратка потрага на длабочина од пет метри, пронајдовме возило во кое имаше две безживотни тела. Телата ги извлековме и ги предадовме на надлежните органи за понатамошно постапување“, изјави за „Вијести“ Данило Мијајловиќ од Регионалниот нуркачки центар.
Да потсетиме, два автомобили се обиделе да го поминат мостот на малата река Широлија, која се наоѓа под Дукља, но возачот на првиот автомобил се откажал од преминувањето бидејќи реката била премногу надојдена и го поплавила мостот, пишува Стандард.
Сепак, како што пренесува овој портал, возачот на другиот автомобил сепак одлучил да се обиде да помине. Кога бил на средина, силен порој од вода го превртел возилото, кое завршило во реката.
Според мештаните, овој мост не е погоден за сообраќај кога водостојот на реката е висок.






