Новинарот Кристофер Андерсен ја напиша книгата „Кралот: Животот на Чарлс III“, а информацијата што писателот ја сподели пред објавувањето на 8 ноември ја изненади јавноста. Имено, тој открил без што Чарлс не може да ја напушти палатата.
„Тој сè уште патува со плишано мече од детството кое го има уште од многу мал. Единствената личност на која му е дозволено малку да го чепка плишаното мече на кралот Чарлс била неговата дадилка од детството, Мејбел Андерсон“, вели Андерсон.
За плишаното мече се грижел и најдоверливиот дворски батлер, Мајкл Фосет, а кога кралот имал 40-тина години, Мејбел морала да излезе од пензија за да ја поправи штетата на играчката. „Тој веќе имаше 40-тина години и секогаш кога требаше да се грижи за мечето, се однесуваше како неговото сопствено дете да има голема операција“, рече Фосет.
Батлер морал да става и паста на четката за заби на Чарлс. Го бричел и му помагал да ги облече панталоните и му ги врзувал врвките од чевлите. Фосет секој ден добивал список со поплаки и инструкции од својот шеф, а тој и нему и на останатите им давал наредби со помош на мегафон.
„Иако некој што тврди дека бил малтретиран како дете, Чарлс очигледно уживал да нѐ малтретира. Тој можеше да биде пријатен и љубезен, но беше и нерасположен и злобен. Не размислуваше два пати да вика кога ќе направите грешка “, открија поранешни вработени.

Кен Стронах, кој бил батлер на кралот, морал рачно да ја пере долната облека на Чарлс и да го легнува со плишаното мече секоја вечер. Тој претходно открил дека кралот фрлил тежок дрвен предмет кон принцезата Дијана за време на расправија, при што за влакно ѝ ја промашил главата.
Инаку, Андерсон тврди дека Чарлс „патува со тоалетно седиште по нарачка“ што одговара за кралот. Извори од палатата му откриле на новинарот дека кога кралот одел на вечера со други луѓе, често го носел својот готвач кој му подготвувал специјален оброк.
Чарлс, како и многу од неговото семејство, не ја сакал квадратната форма на коцките мраз и важно им било да имаат други форми при рака. Исто така, извори од палатата велат дека ги исполнувале барањата на кралот бидејќи имал „цврст темперамент и експлодира кога не го добива она што го сака“.
„Тој сака одредени работи во одредено време“, истакнале тие.
“Тој е многу чуден, многу темпераментен. Тој всушност има лош темперамент и експлодира како вулкан. Тој е склон кон бес”, рекол Андерсон.





