Струмичанката Славица Ангелова покажа како се пее вечерва во Ѕвездите на Гранд. 20 годишната девојка со својот величенствен глас го воодушеви жирито и ги освои сите осум гласови.
Таа со својот раскошен глас го разгалила жирито и освои неверојатни осум гласа, поради што најгорда беше нејзината мајка која цело време навиваше од собата на емоции.

Рокерот не го криеше задоволството што талентираната дваесетгодишна девојка стана дел од неговиот тим.

– За мене е голема чест! Морам да ви кажам дека од Џејла Рамовиќ не се појавил никој, барем во мојот случај, кој вака ме изненадил и воодушевил. Ете, многу се радувам – изјави Ѓорѓе Давид.






