Мадона не престанува да ги шокира своите следбеници на социјалните мрежи, а секое ново видео или фотографија и се сè поизопачени.
Имено, пејачката сега објави видео од гаражата во кое поставила неколку фотографии. На прв поглед видеото изгледа нормално, пејачката позира на мотор во гаража, се фотографирала пред уметничко дело, а во еден момент се сокрила зад лисја.

Меѓутоа, она што се појави на самиот крај од видеото ги шокираше следбениците на легендарната Мадона.
Мадона прво користела различни реквизити – шише сенф и лут сос, а со нив имитирала сексуални сцени. После тоа, се појави видео како таа пие вода од сад за куче, а потоа лежи на подот.
„Ова станува сè посрамно. Веќе не е лесно да се биде твој обожавател. Беше икона, а сега за жал си без стил”, гласи еден од коментарите под оваа објава.
Во последно време Мадона често изненадува со своите објави, најмногу поради тоа што во секоја изгледа сосема поинаку. Јавноста ја напаѓа поради прекумерната употреба на филтри, а и поради видливите естетски корекции. Некои дури ја нарекоа вонземјанка.






