Фатен е убиецот на скопјанецот Камер Идризи кој беше застрелан лани на Рамазан Бајрам среде раскрсница во Бутел. Во него беа испукани десетици куршуми од автомобил во движење.
Полицијата го пронајде осомничениот во синоќешната голема акција која ја спроведе со единицата Тигри. Приведени се 4 лица осомничени за различни кривични дела, меѓу нив е и осомничен за пукањето на бул. „Словенија“ минатиот месец кога беше повредено едно лице.
Кај приведените е пронајден и украден автомобил, таблици од возило, предмети од извршени кражби. Групата била поврзана меѓу себе во извршувањето на кривичните дела. МВР трага по уште две лица од оваа група за кои е распишана и потерница.






