Apple на вечерашниот „Hi, Speed“ онлајн настан ја претстави долгоочекуваната нова генерација на iPhone, а се работи за новодизајнираните модели Phone 12 mini, iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max кои ја поддржуваат 5G мрежата.
„Секоја деценија се случуваат нови промени и денеска е почеток на новата ера за iPhone уредите. Ова е уште една голема година за iPhone, кој сега доаѓа со поддршка за 5G мрежи, што е голем момент за нас“, истакна Тим Кук во пресрет на претставувањето на новите iPhone модели.






