Гласините дека во Србија, во Сонта се шета црн пантер не се само „ловечки приказни“ и доказ дека тоа е вистина е известувањето на јавните претпријатија „Војводина шуми“ и Шумско стопанство Сомбор. Ѕверот се движи на тоа подрачје.
Срѓан Пеурача од Шумско стопанство Сомбор објаснува за Блиц дека е виден ѕверот и дека луѓето треба да бидат внимателни.
Советуваат граѓаните да внимаат на себе и своите блиски, а доколку го видат животното, да пријават во полициска станица.
Наводно животното пред три години избегало од заложништво во Унгарија и кое е видено оваа година во пограничните места во Србија. Ловци го виделе пантерот, но не успеале да го уловат.

Први кои што ги забележале трагите во атарот на Сонта биле ловочуварите на ловечкото друштво од тоа место кои користеле и термо камери, но не успеале да го „фатат“ пантерот со окото на објективот. Забележале само траги кои се речиси поголеми од човечка рака и за кои велат дека сигурно не припаѓаат на ниту еден познат вид на животни на овие простори.






