Вклучувањето на репортерите во живо, во програма е секогаш непредвидливо и може да оди поинаку од планираното. Една таква ситуација неодамна се случи во програмата на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина, додека новинарката Вилдана Мехмедовиќ известуваше од терен.
Новинарката се приклучи во живо од мостот Фестина Ленте во Сараево, а во еден момент зад неа се појави маж на електричен скутер, со кој случајно ја „закачи“ водителката и ја турна кон камерманот.
Додека Вилдана шокирано се обидувала да разбере што се случило, случајниот минувач почнал да се извинува.
– Вакви работи се случуваат. Во живо сме во програмата и се е простено, рече Мехмедовиќ и почна да се смее.
@dinodurmic #live #jutarnjiprogram #ftv #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – dinodurmic







